Експертите препорачуваат да пиете вода по будењето, пред јадење, пред туширање, но и пред спиење
Сигурно многу пати сте слушнале дека водата е многу важна за нашиот организам, но многумина не се свесни колку.
Дневното и редовно внесување е многу важно, а доколку навистина не сте љубител на оваа течност, постојат неколку временски ограничувања до кои треба да се придржувате и нема да имате проблем со дехидратација.
– Водата е најважната материја на планетата. Животот потекнува од водата и таа е основната супстанција што ја внесуваме во телото.
Водата сочинува околу 80 отсто од нашето тело при раѓањето, а во просек 60 отсто во зрелоста. Вкупната количина на вода варира во зависност од телесната тежина, возраста, полот и присуството на масно ткиво. Гојазен човек може да има до 30 проценти помалку вода во телото од нормално ухрането лице на иста возраст.
Улогите на водата во организмот се многубројни: таа е главен растворувач и носител на хранливи материи, игра важна улога во циркулацијата, учествува во сите метаболички процеси и отстранување на штетните материи од телото, го помага варењето и редовното празнење на дебелото црево, игра клучна улога во терморегулацијата и учествува во одржувањето на електролитниот баланс и киселинско-базната рамнотежа.
Редовното внесување вода носи бројни позитивни ефекти за организмот. Овозможува нормална функција на мозокот и мускулите, добра циркулација, исхрана на клетките, детоксикација, нормално варење со редовна столица, зголемена подвижност на зглобовите, намален ризик од појава на камења во уринарниот тракт, нормална влажност на кожата и мукозните мембрани, го подобрува изгледот на кожата. – наведуваат на профилот на Инстаграм што го водат физијатри, кои се занимаваат со споделување здравствени совети.
Тие исто така откриваат кога е вистинското време за пиење вода:
– Две чаши по будењето, за стартување на метаболизмот,
– Една чаша пред оброкот го подобрува варењето,
– Една чаша пред туширање го намалува крвниот притисок,
– Една чаша пред спиење го намалува ризикот од срцев удар.