Помеѓу работата на различни добротворни настани, грижата за децата и присуството на повеќе од 80 кралски настани во текот на годината, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, води балансиран начин на живот. Многумина се прашуваат како Кејт ја одржува витката линија, а ние ви откриваме како се храни.
Иако никогаш јавно не било објавено што јаде Кејт, врз основа на нејзините изјави, „eatthis.com“ заклучи како се храни војвотката од Кембриџ.
Кејт Мидлтон е позната по тоа што подготвува појадок кој и дава енергија, како што е овесната каша која е богата со протеини и влакна.
Освен тоа, за да постигне блескав сјај на кожата, Кејт го зголемува внесот на антиоксиданси со избирање на домашни смути пијалоци. Наводно, Кејт сака да меша кељ, спанаќ, спирулина (вид алги) и боровинки од кои прави сокови. Овој пијалок богат со хранливи материи е полн со витамини и минерали.
Ручек
Како што поминува денот, Кејт продолжува да јаде храна богата со антиоксиданси, осигурувајќи се дека внесува многу сирови состојки во нејзиниот ручек.
Се вели дека салатата од лубеница со авокадо, кромид, краставица и фета сирење е еден од нејзините омилени оброци.
Иако не е вегетаријанка, Кејт за ручек претпочита да јаде претежно вегетаријански јадења, а омилени и се ќебапите од зеленчук и плескавички од леќа. За време на кралската турнеја низ Индија во 2016 година, готвачот Рагу Деора, кој ја служел храната на Кејт и Вилијам откри:
„Се е вегетаријанско бидејќи ми кажаа дека тоа е она што го претпочитаат“.
Ужина
Кога станува збор за борба против гладта во текот на денот, Кејт јаде сиров зеленчук и овошје, како што се гоџи бобинки, кои го зајакнуваат имунитетот. Кејт исто така сака маслинки.
Десерт
Иако е позната по изборот на здрава храна, Кејт не се плаши да се препушти на слатките. Дарен МекГрејди, поранешен готвач во кралското семејство, открил дека омилениот десерт на Кејт е леплив пудинг од карамела – класичен англиски десерт кој се состои од темен, густ бисквит направен од сецкани урми, а потоа прелиен со сладок карамел сос.
Лесен по текстура и богат на вкус, овој десерт одлично оди со сладолед од ванила или со шолја топло кафе.