Но, некои луѓе тоа не го сфаќаат на време и го поминуваат целиот свој живот со погрешна личност. А за да не ви се случи тоа, ви откриваме пет знаци кои укажуваат дека тој не е „оној вистинскиот“:
- Не се чувствувате удобно покрај него
Потребно е време за да се чувствувате удобно со некој нов, но ако по неколку месеци врска сè уште не се чувствувате удобно со него и не можете да бидете свои, тогаш нешто не е во ред.
- Немате многу заеднички работи
Можеби сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но тоа е почесто лага отколку вистина. Повеќето парови со различни интереси се несреќни затоа што малкумина се спремни на секојдневни компромиси.
- Ве обвинува за се што е лошо во врската
Секој сака да го усреќи својот партнер, тоа е една од предностите што ги носат љубовните врски. Но, ако тој се разочарува секогаш кога ќе направите грешка, тогаш вашата врска не е добра.
- Имате различни ставови за времето поминато заедно
Ако секогаш се карате за времето што би сакале да го поминете заедно, што може да вклучува и испраќање пораки, тогаш очигледно е дека тој навистина не се грижи за вас.
- Вашата врска не ве прави среќни
Можеби ова звучи како очигледна работа, но често луѓето кои се во несреќни врски се последни кои го сфаќаат тоа. Ако родителите и пријателите ви кажат дека сте биле посреќни пред да бидете во врска, веројатно се во право.