Ваквите банани ВООПШТО НЕ ГИ КУПУВАЈТЕ: Докторка објасни како да препознаете контаминирани банани кои се опасни по здравјето

popara30 ноември, 20221min00
26295_shutterstock-246416413_f

Иако луѓето обично ги чуваат бананите во садови со друго овошје, ова можеби не е најдобриот начин за нивно складирање. Нутриционистот д-р Тамика Симс вели дека бананите треба да се чуваат во фрижидер кога се зрели.

-Може да се чуваат на кујнскиот пулт додека не созреат, а потоа со ставање во фрижидер ќе им го продолжите рокот на траење додека кожата не поцрни – рекол докторот.

Според неа, кога бананата е зрела, можете да ја ставите во кеса за замрзнување, па дури и да ја замрзнете, а потоа ќе трае и до еден месец.

– Бананите не се чуваат во фрижидери во продавниците. Ако прерано ги ставите во фрижидер, тоа може да придонесе за нивниот горчлив вкус, промена на бојата и несозревање – велат од американското Министерство за земјоделство.

Ако кората на бананата е оштетена, најдобро е да ја фрлите, забележува американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

– Тоа може да значи дека е расипана, како и дека плодот може да биде контаминиран со микроби. Фрлете ја и бананата која е црна, премногу мека или има непријатен мирис – додале тие.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag