Понекогаш е доволна мала промена во рецептот за да се претвори нешто обично во нешто сосема фантастично и уникатно.
Нема сомнеж дека сите се радуваат на палачинки, особено најмладите, а доколку ги подготвите на овој начин, апсолутно ќе ги воодушевите вашите најблиски.
За тестото ви треба:
– 6 јајца
– 5 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
– околу 3 дл млеко
За додаток:
– 130 – 150 гр. мелени ореви
– 4 лажици шеќер
Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот, брашното и млекото. Не претерувајте со количината на брашно и додавајте го постепено, бидејќи смесата треба да биде потенка отколку за обичните палачинки.
Изматете ги одвоените белки додека не се стегнат. Измешајте ја смесата од жолчките и белките и малку изматете ги со жица за матење, но белките да останат видливи.
Тавата премачкајте ја со масло и загрејте ја на највисока температура. Кога маслото е жешко, намалете ја топлината. Истурете ја смесата во тавата и пржете ја само од едната страна околу една минута. Тие се печат по принципот на сушење. Испечената палачинка ставете ја на чинија и веднаш посипете ја со шеќер и ореви. Направете го истото со секоја наредна.
Ако смесата се залепи за тавата, додадете уште малку масло. Печете додека не ја потрошите смесата, секоја палачинка на едната страна и редејќи ги печените палачинки една врз друга. На крај сите палачинки можете да ги премачкате со мед, чоколадо, шлаг или намаз по избор.
Целиот процес на подготовка можете да го погледнете во следното видео: