ВАМПИРСКАТА КОЖА Е НАЈНОВИОТ ТРЕНД НА ТИКТОК: Со само два производа ќе блеснете како Едвард Кален на сонце

popara17 октомври, 20221min00
Glitter-na-licu

За многумина од нас, сагата „Самрак“ ги одбележа нашите рани години. Освен што ги малтерисавме собите со постери на Роберт Патинсон, посакувавме да блескаме на сонце како членови на семејството Кален. Да потсетиме дека вампирите во „Самрак“ не горат на сончева светлина, туку блескаат како дијаманти.

Ако вашата љубов за блескава кожа оживеа на малку поинаков начин, а десет години подоцна барате (вистински) производи и техники кои ќе ѝ дадат рефлективен сјај на вашата кожа, ќе ве усреќи фактот што најновиот тренд на TikTok е вампирска кожа.

Илјадници корисници ширум светот го рекреираат светкавиот изглед на Калените со мешање на светки во нивните пудри за целосно сјајна основа.

@lolhamz

THIS IS THE SKIN OF A KILLER BELLA!!! inspired by @imonaugust (youre a genius)✨ #twilight #glitter #teamedward #makeup

♬ Eyes on Fire (Zeds Dead Remix) – Blue Foundation & Zeds Dead

Ако овој тренд ви звучи привлечно, прво подгответе ја кожата со дополнителна хидрантна рутина за нега на кожата и нанесете хидратантен прајмер како основа. После тоа, пронајдете палета (или горниот дел на раката) за да ги споите вашите производи, измешајте ја вашата подлога, CC крем или обоен навлажнувачки крем со кремаст светкав производ пред да ја нанесете смесата на вашето лице како што обично правите со подлогата.

@lolalolajen

i LOVE THIS SM @imonaugust is a genius! i’ll def put more chunky glitter in there bext time though #twilight #vampireskin #halloweenmakeup #halloween #edwardcullen

♬ som original – ✰ཽ 𝒯𝑤𝑖𝑙𝑖𝑔ℎ𝑡 ✰ཽ

Резултатот е всушност изненадувачки суптилен, па застанете овде ако тоа ви е доволно сјај. Меѓутоа, ако сакате да го засилите ефектот, користете четка и нанесете сјај на сите места што вообичаено би го ставиле, како што се врвовите на јаготките, веѓите, внатрешниот агол на очите и горниот дел на усната. Доколку сакате да блеснете уште повеќе, користете сјај за тело и ставете го на деколтето, рацете, па дури и нозете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma