Сите слушнале колку ова масло е корисно за нашето здравје
Кантарионот одамна е познат и ценет како лековито растение. Лечи слузавост на белите дробови, грчеви во стомакот, влијае на крвта, болести на бубрезите, црниот дроб, слезината и мочниот меур. Особено е ефикасен за неконтролирано мокрење.
Популарно се користи против исекотини, изгореници, хемороиди, помага при зараснување на рани како и антисептик, а внатрешно против болки во црниот дроб, желудникот, дијареа. Ефектот на маслото од кантарион е многукратен. Се користи за мачкање на рани, исеченици, изгореници и други повреди или со натопување на газа и покривање на областа.
Помага при различни заболувања, од течна столица до болки во стомакот, исекотини и проблеми со црниот дроб
Етеричното масло од кантарион се пие, разблажено, и делува против цревните паразити. Фенолните соединенија кои се наоѓаат во кантарионот имаат изразена антибактериска моќ. Кантарионот е добар за лекување на умерена до блага депресија, велат германските експерти во студијата објавена од „British Medical Journal“.
Најчесто се користи како чај, се пие неколку пати на ден, затоа што на сите им одговара. Ги намалува болните и воспалителни состојби на внатрешните органи.
Доколку сами го берете кантарионот, внимавајте да биде од еколошки чисти површини и оддалечен најмалку 300 метри од патиштата по кои се одвива сообраќајот. Сите лековити растенија ги апсорбираат честичките од издувните гасови, па затоа не треба да се берат и користат ако се во близина на патишта.