ВЕЛ СО ЛИКОТ НА БОГОРОДИЦА И МИНИ БЕЛ ФУСТАН! Кардашијан се венчаше во ЦРКВА, а сите гледаа во нејзината венчаница! (ФОТО)

popara23 мај, 20221min00
Screenshot_4

Кортни Кардашијан и нејзиниот вереник Тревис Баркер се венчаа во Италија, а невестата ги доби сите аплаузи поради смелиот стајлинг.

 

Оваа недела Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Портофино, Италија. Невестата носеше уникатен мини фустан од Долче Габана од чипка и сатенски корсет, инспириран од архивската италијанска долна облека, а сѐ беше надополнето со широк превез.

 

Таа носеше рачно извезени цвеќиња на главата, инспирирани од бројните медитерански градини на приморскиот град, а на нејзиниот превез имаше приказ на Богородица. Религиозната иконографија, базирана на една од тетоважите на Баркер, е придружена со текст кој гласи „почитување на лојалноста кон семејството“. Целиот стил невестата го комплетираше со пар ракавици од тул.

 

– Дизајнирањето на моите фустани со Доменик и Стефан беше остварување на сонот во секој поглед – изјави Кардашијан во едно интервју.

 

Црниот костум на Баркер го дизајнираше една италијанска куќа.

 

А како изгледаа погледнете ТУКА и ТУКА

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma