Венера, планетата на убавината, хармонијата, љубовта и сè што е убаво ќе донесе големи благослови за сите хороскопски знаци. Овој транзит може на сите нас да ни даде нови врски, љубов, хармонија, убавина, брак и започнување убави деловни текови, па дури и некои финансиски инвестиции или добивки. Овој транзит ќе ги активира сите сетилни задоволства.
Венера ќе се спои со Уран во втората недела од јуни, а тоа нема да им донесе сè најдобро на поединци. Во овој период може да се случат ненадејни врски или добивки, додека некои може да ги прекинат врските и да се соочат со загуби, во зависност од вашиот личен хороскоп и аспекти во него.
Венера владее со мирот, љубовта и изобилството. Во првата половина на јуни може да дојде до ненадејни конфликти во љубовните врски, деловните односи и пријателствата. Венера е планета и на имотот и на вредностите. Најмногу ќе влијае на Биковите, Скорпиите, Водолиите и Лавовите. Некои можат страсно да се заљубат. Ако влезете во врска под овој аспект, таа може да биде страсна, длабока, но не и трајна.
Тогаш кога Венера ќе влезе во квадрат со Сатурн во втората половина на јуни тогаш ќе се појават некои проблеми, пречки и облици на тага во љубовта. Многу луѓе можат да поминат низ некаква тага, страв, страдање, насилство, поделби, загуби. Самиот крај на транзитот на Венера кога ќе биде во тригон со Плутон ќе донесе трансформација на многу врски. Врските најверојатно ќе се продлабочат и ќе тргнат по нов емотивен пат.
Што им носи Венера во Бик на сите хороскопски знаци?
Овен
Сега можете да доживеете ненадејна среќа и да влезете во нова љубовна врска. Некои Овни кои биле незадоволни од партнерот сега имаат можност да ја прекинат врската. Оваа енергија може да се однесува и на работа која одеднаш може да тргне на подобро.
Бик
Венера е во вашиот знак и вие едноставно ќе блескате. Ќе сакате да се вљубите, да се разубавите и да се препуштите на сите сензуални задоволства. Пред вас е и голем финансиски успех, особено кога Меркур ќе се движи директно од 3 јуни. Околу средината на јуни можни се ненадејни емотивни пресврти, што нема да зависи само од вас.
Близнаци
Вашата потсвест ќе ги раздвижи плановите за остварување на големи желби кои можат да се исполнат особено од 3-ти до 21-ви јуни. Можни се тајни љубови, вљубувања, заминување во странство или некаква врска со непознати. На многу Близнаци ќе им се остварат љубовните фантазии.
Рак
Ќе уживате во дружби со пријателите, а доколку се соочувате со некои односи кои ви предизвикуваат нелагодност сега е време да се стави крај. Многу Ракови може да имаат шанса да се вратат на стара љубов која има план и е полна со самодоверба. Опуштете се и уживајте.
Лав
Овој транзит ќе биде фокусиран на вашата кариера. Ќе бидете многу поактивни на тоа поле. Не го одбивајте тоа што ви се нуди. Можно е да се вљубите во личност поврзана со вашата работа, доколку веќе не сте во врска. Можни се поголеми финансиски приливи или зголемување на платата.
Девица
Овој транзит ќе ви донесе љубов во различни форми. Многу Девици одеднаш можат да заминат на подолг пат. Слободните Девици можат да очекуваат прекрасни и хармонични понуди за љубов. Во вас ќе се разгори голема страст која одамна не сте ја искусиле.
Вага
Кога станува збор за вашата владетелка Венера, таа ќе ве врати на некои стари семејни теми. Некои Ваги ќе уживаат во прекрасна огнена љубов која ќе им ги „отвори очите“ за многу работи.
Скорпија
Венера е во вашето поле на партнерствата, па некоја стара љубов или некој стар долг може наеднаш да ви се врати и да ве „фати“ неспремни. Кога ќе се вклучи Уран, тогаш може да дојде до ненадејно прекинување на љубовни односи, затоа што нешто веќе подолго време не е како што треба.
Стрелец
Ќе бидете активни на професионално поле и секојдневниот живот. Посветете се на себе и променете го начинот на исхрана. Ве очекуваат подобри зделки од 3 јуни, кога Меркур ќе почне да се движи директно. Многу Стрелци ќе имаат шанса да уживаат во мирни и хармонични денови.
Јарец
Венера ви испраќа многу хармонија и енергија во вашето поле на љубовта, забавата, спортот, додека другите планети ќе ве „фрлат“ во акција кога станува збор за домот. Затоа, можно е да го реновирате и разубавите вашиот дом.
Водолија
Ќе бидете водени од емоциите во кругот на домот, семејството, па ќе сакате работите да бидат похармонични. Ве очекуваат подолги разговори со личности што ви значат. Многу Водолии можат да почнат да живеат заедно со својот партнер. Во овој транзит не се препорачува влегување во брак, бидејќи може да биде краткотраен.
Риби
Кај вас Венера е во третото поле на комуникација. Ве очекуваат пократки патувања, па можете да ја изненадите вашата сакана личност и да отпатувате некаде. Не се враќајте во минатото ниту физички, ниту психички, туку смело тргнете напред во нов љубовен живот.