Веројатно сте слушнале дека не е добро за вашиот изглед да јадете после 18 часот, а нутриционистката сега открива дали тоа е вистина.
Кога станува збор за исхраната, постојат многу теории и митови кои преживеале до денес, но не се навистина научно засновани.
Еден таков мит е дека ќе се здебелите или нема да можете да ослабете ако јадете после шест попладне.
Зошто тоа не е точно и како всушност треба да се однесувате кон распоредот и храната, откри нутриционистката Јована Вучелиќ:
– Една од најчестите заблуди што постои и денес е дека последниот оброк треба да се јаде до 18 часот, бидејќи после тоа храната се претвора во сало и се лепи за стомакот. Која е вистината?
Непријателот на витката линија не се вечерните оброци, туку фактот што внесуваме повеќе енергија во телото отколку што може да потроши. Со други зборови, на дебелеењето не влијае времето на нашиот последен оброк, туку бројот на калории во текот на денот. Тогаш, кое е идеалното време за вечера?
Накратко – не постои. На тоа кога ќе јадете, влијае, меѓу другото, и кога си легнувате. На пример, ако сте „ноќна птица“ и легнувате околу 3 часот наутро, последниот оброк не треба да ви биде до 18 часот.
Недостаток на енергија, чувство на замор и ненадеен напад на глад се само дел од проблемите со кои може да се сретнете.
Моја препорака е последниот оброк да го имате најмалку 2 до 3 часа пред спиење. На тој начин храната ќе има доволно време да се свари, а ќе имате и помирен сон – вели нутриционистката.