Трендовите на веѓите доаѓаат и си одат. До неодамна во мода беа дебели и мат, потоа тенки – во стилот на 90-тите, а потоа осветлени
Се чини дека трендот во моментов е воопшто да немате веѓи. Овој тренд на „TikTok“ стана вирален и ефектите се импресивни. Дали ќе биде прифатено од страна на жените?
Се повеќе млади луѓе ги бричат веѓите, давајќи му на лицето сосема поинаков карактер. Се повеќе тиктокери се одлучуваат за оваа навидум драстична промена, испробувајќи го овој тренд на своја кожа.
Некое време беше модерно да се бричи работ на веѓите за да им се даде малку поинаков облик, што требаше визуелно да ни даде ефект на кревање или ефект на мачкино око. Сега, корисниците на „TikTok“ отидоа чекор понапред, избирајќи целосно да ги избричат веѓите, и тоа без потоа да ги исцртаат.
Едно од ТикТок видеата може да погледнете ТУКА.
Како ви изгледа новиот тренд, дали би го пробале?