Фотографијата на унгарски уметник крие манчмалоу колаче меѓу фоките
Загатката нацртана од унгарскиот уметник Џерџели Дудаш ја предизвикува вашата перцепција и ги тестира вашите вештини за набљудување.
На сликата се гледа група фоки кои весело си играат, а предизвикот за вас е во рок од десет секунди меѓу фоките да пронајдете скриено манчмалоу, пренесува „Јагранјош“.
Ваквите криенки се одличен начин да ги тестирате вашите способности за набљудување, како и вашата интелигенција.
Некои фоки имаат украс за глава за да се издвојат од толпата, а некои машки фоки имаат вратоврски или капи за да изгледаат модерно.
Некаде меѓу нив се крие манчмалоу колаче. Можете ли да го забележите?
Еве мала помош: колачето е помеѓу две фоки во долниот лев агол на сликата, малку полево од центарот.
Истата боја на манчмалоу колачето и фоките отежнува да се препознае на прв поглед.
Доколку сè уште не сте успеале да го пронајдете, погледнете го решението подолу.