Најбараната поп-пејачка на денешницата, Џенифер Лопез, објави видео на Инстаграм и ја скокотка фантазијата на голем број следбеници.
Видеото е компилација од нејзини фотографии во различни дизајни и модели на бикини, а како што можете да видите од приложениот материјал станува збор за нова кампања.
Тоа е нова кампања за нејзиниот бренд JLo Beauty, на која ги додаде хаштаговите #SummerOfBooty и #SomethingIsComing.
Со песната Sexy Body, во која гостува Питбул, во спотот се појавуваат зборовите „Body“, „JLo“ и „Booty“, а 52-годишната пејачка уште еднаш ја покажа својата завидна фигура.
Инаку, Џенифер го лансираше својот бренд за нега на убавина минатата година кога откри дека маслиновото масло и кремот со заштитен фактор се одговорни за тајната на нејзиниот младешки изглед и дека никогаш не користела ботокс.
А видеото може да го погледнете ТУКА