Викторија и Дејвид Бекам со своите деца отпатуваа во потоплите региони, каде што ја започнаа 2022та година.
Викторија објави романтична фотографија на која е во прегратките на својот сопруг Дејвид. Насловот на фотографијата едноставно вели „Те сакам“. Парот важи за еден од најхармоничните парови на светската сцена, а во брак се од 1999 година.
Поранешната членка на музичката група „Spice girls“, изгледа среќно, а гледаме дека се облекла сосема едноставно, облечена во црн мини фустан, додека Дејвид изгледа лежерно во бела маица и шорцеви.