Минатиот месец, Викторија Бекам трајно ја отстрани тетоважатата посветена на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам. Имено, се работеше за мала тетоважа на зглобот, каде ѝ беа испишани иницијалите Д.Б.
Ова ги подгреа шпекулациите за развод на познатата двојка, но поранешната членка на музичката група „Спајс грлс“ реши да стави крај на шпекулациите.
За време на своето гостување во емисијата „Тудеј“, Викторија ја објасни ситуацијата.
„Одамна ги имам овие тетоважи и, едноставно, не беа баш деликатни“, објасни таа, посочувајќи дека нејзиниот сопруг и синовите се прекриени со „прекрасни“ тетоважи.
„Моите беа само малку предебели и едноставно не беа толку убави. Не изгледаа толку убаво“, додаде таа и потенцираше дека не го оставила сопругот, туку само ѝ било „мачно“ од тетоважата.
Зборувајќи за своето семејство, 48-годишната модна дизајнерка се осврна и на раздорот кој, како што се зборува, произлегол поради бракот на синот Бруклин Бекам и Никола Пелц.
„Венчавката беше прекрасна. Како мајка, многу ми значеше што го видов мојот син толку среќен“, рече таа.
Запрашана дали се надева дека младенците ќе го земат за пример нејзиниот брак со Дејвид, Викторија рече: „Мислам дека сме блиско семејство и дека сите ние сме секогаш отворени за комуникација. Никогаш не можете да го понудите вистинскиот совет, децата треба сами да го сфатат тоа, но вие мора да присутни“.