„Му се обратив на Крис и добив порака дека не е подготвен да разговара, а кога ќе биде, ќе се јави“.
Вил Смит во петокот конечно го прекина молкот за „најпознатиот шамар во светот“, кажувајќи им на обожавателите во речиси шестминутно видео дека „длабоко се кае“ за своите постапки на Оскарите во 2022 година.
– Длабоко се каам и се трудам да се покајам без да се срамам од себе – вели Смит во видеото.
– Нели? Јас сум човек. И направив грешка и се обидувам да не мислам на себе како на измет.
– Се обратив до Крис и добив порака дека не е подготвен за разговор, а кога ќе биде, ќе се јави – рекол актерот од „Кралот Ричард“ во видеото.
– Затоа ќе ти кажам, Крис, извини. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум секогаш кога си подготвен да разговараш.
Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок по шегата направена за неговата сопруга, Џејда Пинкет Смит.