ВИЛ СМИТ се покаја: Насилството не е решение

popara5 април, 20221min00
Screenshot_5

Овогодинешното доделување на наградите Оскар го одбележа скандалот кој го предизвика актерот Вил Смит, кој му удри шлаканица на колегата Крис Рок.

 

 

 

Актерот, кој ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“, конечно се огласи на својот Инстаграм профил каде објави дека неговото однесување е „неприфатливо и непростливо“ и јавно се извини.

 

– Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на Оскарите беше неприфатливо и неопростливо. Шегите за мене се дел од работата, но шегите за здравјето на Џејда беа премногу за мене и реагирав емотивно. Би сакал јавно да се извинам, Крис. Бев бесен и згрешив. Се срамам од моите постапки, кои не се постапки на личноста што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината. Сакам да се извинам и на Академијата, на продуцентите на шоуто, на сите присутни и на сите што го гледаа преносот ширум светот. Би сакал да му се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство на кралот Ричард. Длабоко жалам што моето однесување го оцрни она што инаку беше прекрасно патување за сите нас, напиша Смит.

 

Извинувањето дојде откако Американската академија за филмски уметности и науки објави дека ги осудува постапките на Смит и најави дека ќе започне истрага за евентуално одземање на наградата откако тој му удри шлаканица на водителот на церемонијата.

 

Инцидентот се случи кога Крис Рок го претставуваше најдобриот документарен филм на „Оскарите“ и се пошегува на сметка на избричената глава на сопругата на Смит, Џејд Пинкет Смит.

 

Рок рече дека едвај чека да ја види Пинкет Смит како глуми во „Џ.И. Џејн 2“ (каде што главниот лик е ќелава жена), што го натера Смит да излезе на сцената и да го удри, бидејќи причината за изгледот на Пикет Смит е болеста алопеција.

 

А неговата објава можете да ја погледнете ТУКА

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma