Во раните 2000-ти, Винона Рајдер беше етаблирана филмска ѕвезда благодарение на нејзините улоги во филмовите како „Girl Interrupted“ и „Edward Scissorhands“, но нејзината кариера драстично опадна кога беше фатена како се обидува да украде дизајнерски парчиња од 5.000 долари во 2001. од стоковната куќа Saks 5th Avenue. По неколкудневно судење, таа е осудена на 3 години условна, општокорисна работа и исплата на скапа отштета.
Меѓу поскапите парчиња што ги украла е џемпер од кашмир на Марк Џејкобс, а познатиот дизајнер го видел како одлична маркетиншка можност и ја ангажирал Винона за својата пролетна кампања во 2003 година, а во 2015 година ја направил амбасадор на својот бренд за убавина.
Винона стана пријателка и муза на Џејкобс, па не е изненадување што тој ја ангажираше за уште една кампања – за новата чанта J Marc. Стилизирана во гот-шик изглед, денес 50-годишната актерка ја евоцира модата од 1990-тите и раните 2000-ти и го отелотворува духот што го обожаваат сите модни носталгичари кои се инспирирани од трендовите од тој период.
Кратки фризури, драматична, но минималистичка шминка, неглиже фустани и платформи нè враќаат во „деновите на славата“ од доцните 1990-ти и раните 2000-ти, кога ваква мода владееше на модните писти, црвените килими и улиците, а има ли подобар модел од Винона за таков стил кој таа помогна да се обликува. Покрај актерката, ѕвезда и тема на оваа кампања е новата чанта Marc Jacobs, J Marc која може да се носи како clutch, на рамо или преку торзото.