Вистинското време за женски тренинг: Утринското вежбање го намалува ризикот од 2 опасни состојби

popara22 ноември, 20221min00
shutterstockvezbanje-830x0

Жените кои вежбаат наутро имаат помал ризик од срцев или мозочен удар, покажуваат резултатите од истражувањето со 85.000 испитаници во Велика Британија.

Како што пишува DailyMail, учесниците биле поделени во четири групи, вклучувајќи ги оние кои биле најактивни во раните утрински часови (околу осум часот наутро) и оние кои вежбале околу 10 часот.

Во другите две групи на испитаници беа вклучени оние кои беа физички најактивни напладне и околу 19 часот.

Откриено е дека луѓето кои вежбале наутро или на пладне имаат помал ризик од развој на срцеви проблеми, вклучувајќи срцев удар, најчеста форма на ангина и коронарна срцева болест.

Оние кои вежбале сред утро имале помали шанси да добијат мозочен удар.

– Одамна е утврдено дека вежбањето е добро за здравјето на срцето, а нашата студија сега покажува дека утринската активност е најкорисна – вели Гали Алабак од медицинскиот центар на Универзитетот Лајден.

Според него, наодите биле особено изразени кај жените, а се применувале на ранобудниците и „ноќните птици“.

Студијата опфатила луѓе на возраст од 42 до 78 години кои никогаш немале кардиоваскуларни болести. Кога е забележано времето кога вежбале, субјектите биле следени во следните шест до осум години; во тој период 2.911 лица добиле срцеви проблеми, а речиси 800 имале мозочен удар. Споредувајќи ги времињата на најголема активност во период од 24 часа, истражувачите откриле дека да се биде најактивна помеѓу осум и 11 часот е поврзан со најмал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Имено, групата која вежбала околу осум часот наутро имала 11 отсто помали шанси да имаат проблеми со срцето, а 17 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар од луѓето кои биле најактивни околу пладне.

Кога резултатите беа анализирани одделно за мажите и жените, истражувачите открија дека жените имаат значителна корист од утринското вежбање, додека за мажите не открија дека тоа е случај во оваа студија.

Жените кои биле најактивни наутро имале петтина помал ризик од срцев удар од оние кои биле најактивни попладне.

Сепак, истражувачите веруваат дека врз основа на овие резултати, прерано е да се даваат совети од типот дека жените треба да вежбаат само во утринските часови.

Д-р Рејмонд Нурдам, постар автор на студијата од Медицинскиот центар на Универзитетот Лајден во Холандија потсетува дека вежбањето е дефинитивно корисно, без оглед на времето од денот.

– Но, новите резултати покажуваат дека утринското вежбање би можело да биде покорисно – вели Нурдам.