Нутриционистката Наташа Ѓукиќ открива дека мангото, грозјето, крушите и уште неколку овошја припаѓаат на висококалорична храна
Многу луѓе се љубители на овошје, а овошјето генерално се смета за многу здраво, но она што го заборавате е дека тоа има и одредени калории.
Повеќето нутриционисти ќе ви кажат дека доколку сте на одредена диета, всушност е многу важно колку и кое овошје го јадете.
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека дури седум видови овошје содржат значително количество шеќер:
– Овошјето содржи влакна и други хранливи материи кои се потребни за здраво функционирање на организмот. Освен витамини, минерали и влакна, овошјето содржи и природни шеќери. Доколку внимавате на здравата исхрана или сте на диета, важно е да знаете дека има овошја со помала и поголема содржина на шеќер – вели таа и открива кои овошја имаат голема количина шеќер на 100гр.
Манго – 14 грама
Грозје – 16 грама
Круши – 10 грама
Киви – 10 грама
Јаболка – 13 грама
Банани – 15 грама
Калинка – 14 грама