Влијанието на маските за спиење врз квалитетот на сонот

popara9 октомври, 20221min00
shutterstock_2060371175-910x607 (1)

Маските за спиење можат да бидат добар начин полесно да заспиете. Овие маски не се само добра алтернатива за апчиња за спиење, туку и вистински начин за заштита и нега на чувствителната кожа околу очите.

Највисоко ниво на светлина

Промените во нивото на светлина во текот на денот играат важна улога во будноста, спиењето и деноноќниот ритам, кој вклучува ментални, физички и промени во однесувањето во текот на 24 часа.

Највисокото ниво на чувствителност на светлина се јавува два часа пред вообичаеното спиење и еден час по будењето. Се случува со текот на времето од различни причини да се наруши деноноќниот ритам и човекот да има потешкотии да заспие. Светлината во текот на ноќта може да го наруши сонот, а маските го блокираат продирањето на светлината.

Подобра фаза на РЕМ спиење

Неколку истражувања ја потврдија ефикасноста на маските за спиење, во студија од 2017 година, учествуваа 1.379 луѓе кои престојуваа во единиците за интензивна нега. Комбинацијата на маска за спиење и тампони за уши им помогна на пациентите подобро да закрепнат и да спијат подобро.

Претходна студија потврди дека луѓето кои користеле маска за спиење и тампони за уши имаат подобар квалитет на РЕМ сон. Забележано е дека по одредено користење, мозокот ја препознава маската за спиење како нешто што му кажува дека е време за спиење.

Како маските за спиење ја штитат кожата околу очите?

Се верува дека маските за спиење влијаат на негата на кожата околу очите, која е чувствителна и посклона на брчки, а понекогаш на малку посилните брчки влијае и положбата на телото за време на спиењето. Се верува дека бариерата ја штити кожата околу очите од дополнително „брчкање“ во текот на ноќта. Препорачуваме свилени маски, кои се препорачуваат и за луѓе кои имаат тенденција малку да ги отвораат очите за време на спиењето.

Маски за спиење наспроти таблети

Маските за спиење немаат нуспојави, додека таблетите за спиење понекогаш можат да предизвикаат зависност, доколку се користат подолго време и неконтролирано. На пазарот има многу различни видови и форми на маски за спиење. Не постојат студии кои би можеле да потврдат дека маските ќе имаат негативен ефект врз кожата околу очите. Ако маските за спиење се наш избор, препорачуваме да бидат чисти за да избегнете иритација на кожата или акни.

Алтернатива на маските за спиење

Наместо маски за спиење, добра алтернатива се лесните чисти крпи или маички кои можеме да ги ставиме преку очите, доколку имаме проблем да заспиеме. Дополнителна алтернатива е затемнета просторија, со што е можно помалку сина светлина емитувана од електронските уреди.

Постојат и други начини на кои можеме да го подобриме квалитетот на нашиот сон. Се препорачува секогаш да си легнувате во исто време, потребно е да се ограничи внесувањето на кофеин, големи оброци и алкохол пред спиење. Редовната физичка активност е добар начин да се обезбеди квалитетен сон.

Доколку ниту една од овие мерки не помогне, советот е да се обратите кај експерт. Нередовниот и неквалитетен сон може да го оштети и физичкото и менталното здравје, а доколку се чувствувате уморни по 7 до 8 часа сон, треба да побарате стручна помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma