Сезоната на годишни одмори и крајот на годината значат многу брзање и стрес, а за загарантирана релаксација во предизвикувачки времиња, гледањето новогодишни филмови полни со празничен кич секогаш добро ни доаѓа. Откако веќе ја поминавте вашата годишна доза на „Love Actually“ и неколкуте делови од „Home Alone“, ве потсетуваме на уште неколку филмови кои веројатно веќе сте ги гледале, но можеби сте заборавиле.
The Holiday
Заплет кој добро го знаеме, но никогаш не ни здосадува: Камерон Дијаз и Кејт Винслет се две многу различни жени на кои им треба добар одмор од романтичните разочарувања. Заменувајќи ги куќите за празниците, тие се впуштаат во авантура која ќе им го промени животот.
Miracle on 34th street
Овој римејк на филмот од 1947 година ја раскажува приказната за мало девојче кое сака куќа, татко и помал брат и вистинскиот Дедо Мраз. Њујоршка романтична празнична приказна ќе нè завие во празнично расположение.
Meet Me in St. Louis
Џуди Гарланд во меланхолична приказна за семејство од почетокот на 20 век, во режија на Винсент Минели. Овој мјузикл изобилува со естетски пријатни сцени и музички бројки, од кои еден од најзабележителните е „Have Yourself a Merry Little Christmas“.
It’s a Wonderful Life
Ако овој филм не ве допре, ништо нема. Џејмс Стјуарт како измачен и депресивен човек во филм кој не учи за предизвиците на животот и благодарноста сигурно ќе ве натера да пуштите солза.
Little Women
Saoirse Ronan, Emma Watson, Meryl Streep, Timothy Chalamet се само некои од познатите имиња во оваа класична екранизација на романот на Луиза Меј Алкот за семејството, љубовта, пријателството и женската еманципација.
The Family Stone
Сара Џесика Паркер, Рејчел МекАдамс, Дајан Китон, Дилан МекДермот и Лук Вилсон во филмот за семејството кое не ја прифаќа девојката на нивниот син носи интересна драма и љубовни заплеткувања.
Happiest Season
Ден Леви, Кристен Стјуарт и Обри Плаза во квир ром-ком. Аби сака да ја запроси својата девојка на семејниот божиќен собир, но сфаќа дека нејзиното семејство воопшто не знае за нивната врска, што ја наведува да се сомнева во нивната врска и колку добро ја познава.