Ова вкусно овошје не се препорачува за луѓето со еден здравствен проблем
Сезоната на јагоди веќе почна, па многу домаќинки подготвуваат разни десерти од ова овошје.
Освен што се вкусни, тие се и многу здрави бидејќи го зајакнуваат имунитетот и содржат многу витамини. Можете да ги подготвите во различни комбинации, од колачи, пити, до јагоди прелиени со шлаг и чоколадо.
Сепак, една група луѓе треба да ја намали потрошувачката на ова овошје или целосно да го елиминира.
Јагодите содржат 60 грама витамин Ц и биоактивни супстанции полифеноли, кои се моќни антиоксиданти. Се препорачуваат за деца и возрасни кои боледуваат од анемија, а содржат и фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини Б, како и минерали манган, железо, калциум и магнезиум.
Иако се идеален десерт и освежување, треба да внимавате на количината што ја консумирате, особено кога се во прашање помалите деца кои можеби се алергични на ова овошје.
Не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со вишок килограми или високо ниво на холестерол и триглицериди во крвта. Дури и да немате здравствени проблеми, потребно е да внимавате колку од ова овошје секојдневно ќе внесувате во организмот, објавено е на веб-страницата „Medical daily“.
Лекарите од британскиот Универзитет во Оксфорд препорачуваат да ги консумирате онолку колку што ви собира во рака, без додаден шеќер и само два или три пати неделно во периодот од 17 до 19 часот.