Јаболковиот оцет многумина го сметаат за „лек за се“, но експертите предупредуваат дека треба да се користи со претпазливост.
Некој веројатно ви предложил да се обидете да ослабете со помош на јаболков оцет. Го забрзува варењето, согорува калории, а бета каротенот кој се наоѓа во јаболковиот оцет помага во разградување на масните наслаги. Бидејќи содржи калиум, се препорачува за исфрлање на водата од телото и за борба против целулитот.
Исто така, јаболковиот оцет се предлага како помош при покачен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и како сојузник за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Се верува дека има антибактериско и антисептично дејство, па затоа се препорачува како прва помош при грип, настинка и воспаленија на синусите.
Помага и при инфекции, труење со храна, изгореници… Покрај сите благодети кои се верува дека ги има врз човечкото тело, лекарите советуваат дека треба да внимавате со употребата на јаболковиот оцет.
„Тоа е моќна киселина која може да биде опасна. Може да предизвика изгореници на нежното ткиво на усната шуплина и хранопроводот, но и да доведе до ерозија на забите“, објасни диетичарката Ели Кригер и предупреди дека треба да ја намалите потрошувачката на јаболков оцет ако имате гадење и други гастроинтестинални проблеми.
“Симптомите може да се ублажат ако јаболковиот оцет го разредите со вода или го користите само како зачин во вашата омилена салата. Секогаш сум за тоа оцетот да биде дел од исхраната, но кога се консумира во комбинација со зеленчук. Волуменот на влакната и водата во зеленчукот ќе ви помогнат да бидете сити и хидрирани, што природно го помага процесот на варење на храната и одржување на телесната тежина“, вели таа.
Колку јаболков оцет е дозволен на ден?
Не треба да земате повеќе од три до четири лажички јаболков оцет дневно. Може да се користи во салати, јадења со зеленчук или да се пие разреден во чаша вода.
Не го конзумирајте на празен стомак
Важно е да не земате јаболков оцет пред оброците бидејќи киселината може да го иритира желудникот доколку се земе на празен стомак. Испијте го во чаша вода, но само после јадење.