Сода бикарбона е долго познат бел прав растворлив во вода кој има широка примена. Всушност, тоа е натриум бикарбонат, односно сол која се состои од натриум катјон и бикарбонат анјон и има малку солен и алкален вкус.
Обично се користи во домаќинството за чистење и дезинфекција на различни површини, а многу луѓе консумираат сода бикарбона за да го подобрат своето здравје. Многу научни истражувања утврдиле дека овој прав навистина има силно влијание врз телото, а ова се само дел од неговите моќи.
Помага при киселини
Киселини, горушица, пироза (лат. Пироза) е непријатно чувство на печење кое се шири од долниот дел на градната коска преку хранопроводникот до грлото. Ова чувство е последица на иритација на слузницата на хранопроводникот со хлороводородна киселина од желудникот и може да биде безопасно, но и симптом на некои здравствени проблеми.
При голтање храна, мускулот на дното на хранопроводникот (DES) се релаксира и дозволува храната и течноста да одат до желудникот, по што тој повторно се собира. Меѓутоа, кога тој мускул е послаб, киселината се враќа во хранопроводникот.
Содата бикарбона помага при киселините со тоа што ја неутрализира желудочната киселина, а обично се препорачува една кафена лажичка сода бикарбона или околу пет грама да се раствори во една чаша ладна вода и оваа смеса да се пие полека.
Сепак, имајте на ум дека на сите кои страдаат од ова не им се препорачува да се лечат со сода бикарбона – таа е полна со натриум, а многу е важно да се ограничи внесувањето на овој минерал кај одредени луѓе.
Ги смирува афтите
Афтите се болни и мали чирови кои се формираат во усната шуплина. За разлика од херпесот, тие не се заразни и не се појавуваат на усните.
Иако се потребни повеќе истражувања, некои постари студии покажаа дека испирање на усната шуплина со сода бикарбона може да ја смири болката предизвикана од афти.
Го забавува ширењето на хронична бубрежна болест
Бубрезите се витални органи бидејќи му помагаат на телото да ги елиминира непотребните и штетни работи од телото и да ја врати рамнотежата на важните минерали како што се калиум, натриум и калциум.
Иако научниците истакнуваат дека се потребни повеќе студии на оваа тема, некои истражувања сугерираат дека конзумирањето додатоци на натриум бикарбонат (или сода бикарбона) ја подобрува функцијата на бубрезите и ја забавува прогресијата на хроничната бубрежна болест. Во секој случај, важно е да разговарате со докторот за тоа и да го слушнете неговото мислење.
Ги ублажува воспалителните процеси
Едно истражување покажа дека пациентите кои секојдневно пиеле сода бикарбона имале помалку воспалителни клетки по само две недели и повеќе смирувачки клетки. Во конкретниот случај се работи за воспаление на зглобовите.
Го подобрува вежбањето
Сода бикарбоната е популарен додаток меѓу спортистите, а некои истражувања покажаа дека помага да се изведе вежба на најдобар можен начин, особено за време на анаеробни тренинзи, спринт и HIIT тренинг.
Сода бикарбона делува така што го забавува заморот на мускулите поради високите pH вредности и ви овозможува да продолжите да вежбате со максимален интензитет.