Водете сметка: Пет лоши навики кои им ШТЕТАТ НА ОЧИТЕ, а една од нив може сериозно да му наштети на видот

popara17 септември, 20221min00
Maskara

Секоја жена посветува посебно внимание на шминкањето на очите, но тука често се појавуваат големи проблеми.

Поради некои лоши навики, не само што шминката нема да го има вистинскиот ефект, туку може да доведе и до здравствени проблеми.

Естетскиот експерт Деби Лау наведе неколку лоши навики и естетски третмани кои можат да го оштетат видот:

1. Триење на очите

Една од најчестите грешки што ги прават повеќето од нас е грубо триење на очите кога нешто чеша таму. Иако на прв поглед изгледа безопасно, пресилното триење може да предизвика истенчување на рожницата (проѕирниот преден дел на очното јаболко), а во најлош случај може да предизвика пукање на крвните садови и проблеми со видот.

2. Надградба на трепките

Премногу честата надградба со популарните денешни свилени или „руски“ трепки може да предизвика инфекции на очите, алергиски реакции, како и оштетување и губење на природните трепки.

Експертите советуваат дека доколку сè уште не можете да им одолеете на вештачките трепки, тогаш секојдневно да ги миете со помош на мицеларна вода или некој друг отстранувач на шминка без маснотии.

На овој начин ќе ги отстраните насобраните остатоци од мртва кожа на трепките.

3. Нанесување премногу маскара

Одвреме-навреме давајте им одмор на трепките и капаците. Не мора да нанесувате маскара секој ден доколку не ви треба. Сепак, најголемиот проблем настанува при вадењето на маскарата, поради што нејзината секојдневна употреба може да предизвика пукање и опаѓање на трепките.

4. Делење шминка

Експертите предупредуваат дека споделувањето на козметика, особено маскара, сенки и молив за очи, може да доведе до стафилококна инфекција, како и до појава на црвени очи. Затоа избегнувајте да споделувате шминка со пријателка, сестра или особено некој што не го познавате.

5. Отстранување на вештачки трепки

Лепакот во комбинација со вештачки трепки во никој случај не е здрав за очите, а најголемиот проблем настанува при нивното вадење после употреба. Совет е да не ставате премногу лепак, како и агресивно да не ги отстранувате трепките.

Препорачливо е прво да ги намачкате со млака вода за барем малку да олабави лепилото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag