Водич за почетници во вежбањето: Стекнете рутина во само неколку едноставни чекори

popara4 јуни, 20221min00
vezbanje-830x0

Редовната физичка активност е една од најдобрите работи што можете да ги направите за целокупното здравје.

Сепак, вежбањето бара време, одлучност, доследност и пожртвуваност, па затоа луѓето брзо се откажуваат од оваа активност.

Ако немате мотивација да започнете или да продолжите да вежбате, не грижете се. Ваше е само да ги облечете патиките и спортската опрема, бидејќи за вас подготвивме детален водич кој ќе ви помогне вежбањето да стане дел од вашето секојдневие.

1. Направете детални анализи

Пред да започнете со вежбање, важно е да се консултирате со вашиот лекар и да извршите физички преглед. Ова е особено важно за оние кои штотуку почнуваат со напорни и енергични физички активности, пишува Healthline.

Раниот преглед може да открие какви било здравствени проблеми или состојби кои би можеле да ве изложат на ризик од повреда за време на вежбањето.

2. Направете план и поставете реални цели

Кога ќе одлучите да започнете со вежбање, прво направете план кој вклучува остварливи чекори и цели.

Еден начин да го направите ова е да започнете со план со едноставни чекори што треба да се следат. Потоа можете да продолжите да го градите како што се подобрува вашето ниво на фитнес.

3. Држете се до вашата рутина

Одредете го времето кое најмногу ви одговара за вежбање и посветете му се на вашето тело. На почетокот ќе биде многу тешко, особено во првиот месец, но потоа ќе биде се полесно и полесно.

Правењето распоред е одличен начин да ја одржите вашата рутина и да ја продолжите. На пример, можете да го направите вежбањето навика со тоа што планирате да вежбате веднаш после работа секој ден или наутро.

Експертите препорачуваат, покрај сите овие совети, да внимавате и на следниве работи:

– да останете хидрирани
– да водите сметка за исхраната
– да се загревате пред тренингот
– истегнувањето по тренингот е задолжително
– слушајте го своето тело и паузирајте кога ви треба

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma