Состојки:
4 компири
малку зачини
3 свежи црвени пиперки
1 главица кромид
1/2 чаша ориз
малку гранулиран лук
200 гр печурки
100 гр сирење
масло
Подготовка:
Излупете го компирот и исечете го на најтенките можни кругови. Додадете зачини, бибер, сол…
На масло пропржете го кромидот со црвен пипер, додајте ги во сечканите печурки и продинстајте ги. Додадете зачини, сол, бибер, гранули од лук и масло. Покријте го плехот со хартија за печење, премачкајте го со малку масло и наредете ги кришките од компирот една под друга.
Печете ги компирите на 220 степени околу 15 минути. Извадете ги од рерна, а потоа посипете ги печурките и пиперката. Додадете рендан компир. Со хартијата полека виткајте го компирот. Врз компирите ставете малку сирење и печете уште 30-40 минути додека компирот убаво не порумени. Исечете кога ќе биде разладено. Фантазија.. Пријатно!