„Воопшто не беше елегантно, но најромантично досега“ Џенифер раскажа како Бен Афлек ја запросил, конечно по 17 години

popara27 април, 20221min00
Screenshot_3

Големото помирување и доказ дека љубовта може да заслужи втора шанса се случи минатата година кога Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да ја обноват врската по 17 години. Оттогаш на големо се зборува за тоа дали ќе се остварат поранешните соништа на славната двојка за брак. Изгледа дека токму тоа се случи кога сите нивни фанови се израдуваа на веста дека Бен ја запросил Џенифер.

 

 

Џенифер на социјалните мрежи детално опишала како изгледало запросувањето и како поминала втората шанса за нивната љубов:

 

– Дали некогаш сте замислиле дека ќе се оствари вашиот најголем сон? Во саботата навечер, додека бев на моето омилено место (во бања со пенлива купка), мојата љубов клекна на едното колено и ме запроси. Бев целосно несмасна и само го гледав во очи, насмевнувајќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да сфатам дека тоа се случува после 20 години. „Буквално останав без зборови, а тој рече: „Дали е тоа да?“, реков „да“, се разбира, тоа е „да“, рекла Џенифер.

 

Пејачката и актерка изјави дека за неа тоа запросување било најромантичната работа што можела да ја замисли:

 

-Многу се смеев и солзи ми се слеваа по лицето, се чувствував толку неверојатно среќна. Не беше ништо фенси, но беше најромантичното нешто што можев да го замислам… тивко. Сабота навечер дома двајца ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг – вели Џенифер.

 

Џенифер спомна и веренички прстен со зелен дијамант, велејќи:

 

– Зелената отсекогаш била мојата среќна боја и сега сигурно секогаш ќе биде.

 

Лопез неодамна изјави за People што ја прави нивната врска различна од онаа пред 18 години:

 

– Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на различни места во животот, сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи.

 

Џенифер и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони ги имаат 14-годишните близнаци Ема и Макс, а Бен Афлек со поранешната сопруга Џенифер Гарнер има три деца: Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10).

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma