ВО БЕЛО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ: Шанел костим кој може да го изнесе само Марго Роби! (ФОТО)

popara29 јануари, 20221min00
269765_profimedia0656257871_ls

Уличниот стил на актерката, достоен за модната писта.

Неделата на висока мода во Париз собра голем број дизајнери, трендсетерки, модни новинари и експерти, како и познати личности со стил да ја проследат пролетната колекција на мода за 2022 година. По тој повод, во градот на светлината се појави холивудската актерка Марго Роби, која донесе гламур во бело од глава до пети.

Margo Robi

Долгогодишната амбасадорка на легендарната француска куќа, пркосејќи му на јануарскиот студ, облече предимензиониран капут, интересен крој со пократки ракави, под кој носеше светкав мини фустан во боја на шампањ – двете парчиња од колекцијата на Шанел за пролет 2022 година.

Margo Robi

Таа ги сведе модните детали на минимум, избирајќи бели, кожени чизми до глужд, спарени со мини бела чанта од Шанел, дизајнирана да собере само безжични слушалки.

Прилично смел стајлинг во најстудениот зимски месец, но и многу софистициран и инспиративен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma