Астролошки гледано, жените родени во одредени хороскопски знаци знаат да бидат доста тешки и напорни во комуникацијата со жените на синовите.
Како што тврдат астролозите, некои девојки навистина имаат среќа, бидејќи имаат совршени свекрви со кои добро се согласуваат, но има и такви на кои свекрвите им го загорчуваат животот.
Астролозите велат дека жените родени во овие четири хороскопски знаци се најлошите свекрви.
- Лав
Мајките Лавови го сакаат вниманието на своите деца. Доколку видат дека нивните синови поминуваат многу време со партнерикте, можно е да се чувствуваат запоставено и малку љубоморно.
Во такви случаи, некои свекрви Лавици предизвикуваат недоразбирања меѓу младата брачна двојка, па со тек на време може да доведе до раскол во бракот.
- Стрелец
Жените родени во овој хороскопски знак можат да бидат затворени и пресметани кога се чувствуваат несигурно, а тоа може да биде причина да предизвикаат проблеми меѓу синот и снаата. Најлесен начин да ги спречите е да им покажете љубов и благодарност, што ќе го промени нивното токсично однесување на подобро.
- Јарец
Свекрвите родени во овој земјен знак не се отворено агресивни, но и никогаш нема да сакаат да учествуваат во помирувањето на синот и снаата.
Потајно уживаат во кавгите и често до најситни детали им ги прераскажуваат на роднините. Жените Јарец се посесивни мајки кои веруваат дека ниту една девојка не е доволно добра за нивниот совршен син.
- Риби
Свекрвите родени во овој воден знак понекогаш имаат пасивно-агресивни склоности и можат да поминуваат часови и часови во „мрчење“. Познати се по емоционалните уцени, а нивните деца се чувствуваат како да им „должат нешто“ и се плашат дека ќе ги повредат.
Свекрвите Риби генерално не ги сакаат сопругите на своите синови, бидејќи веруваат дека тие мора да бидат „центарот на нивниот свет“ цел живот како мајки.
Повеќето млади снаи кои имаат свекрви родени во знакот Риби го поминуваат животот борејќи се за вниманието на сопружникот.