Шампињоните се совршен избор за додавање во секое јадење.
Можете да ги комбинирате со речиси секоја состојка што ќе ви текне.
Овој пат ви предлагаме варијанта со сирење и кромид.
Подготовката е многу едноставна, а вкусот е фантастичен.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
500 гр печурки
1 главица кромид
3 чешниња лук
маслиново масло
зачин, сол
малку рендано сирење
лист од магдонос
по желба мелен пипер
Подготовка:
Измијте ги шампињоните и извадете ги стеблата. Во тавата истурете маслиново масло или парче путер и пропржете и динстајте ги во сопствената течност.
Додадете исечкан кромид (може и млад), па кога ќе се испржи и ќе поруменат печурките, превртете ги и додадете лук и пржете минута-две.
Додадете зачинска сол и рендано сирење, и на крај сечкан магдонос. Штом се растопи сирењето, исклучете го.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: