Ако сакате сами да направите шишки, ова е најдобриот начин за тоа
Пролетта и летото се идеални времиња за некои промени. А што најмногу сакаат жените да менуваат кај себе и од каде обично започнуваат?
Па, се разбира, косата.
Ако сте размислувале што би можеле да направите со вашата коса без да биде драстично како бојадисување или големо шишање, тогаш шишките се вистинскиот избор за вас.
Таканаречените „завеса“ шишки оваа година стануваат се попопуларни, а наместо на фризер, можете сами да ги направите.
Треба да одделите преден прамен. Поделете го на два дела, па вкрстете го.
Потоа сечете со ножиците одоздола, внимавајќи да оставите најмалку 2 см повеќе отколку што би сакале да бидат долги вашите шишки (кога ќе се исушат, ќе се соберат).
Како изгледа тоа во пракса, погледнете ОВДЕ.