Многу луѓе се склони на кукање и жалење, а кога тоа им преоѓа во навика, стануваат тежок напор за тие околу нив и постојано кенкаат за банални ситници. Кои хороскопски знаци највеќе кукаат?
Риби
Рибите се емотивни и чувствителни, но често се ставаат себе во позиција на жртви за да изнудат емоции од околината. Ова најлесно го постигнуваат со кукање, па на сите им се жалат колку им е тешко. Знаат да ги зачинат случките и со невистинити детали и едноставно уживаат во драма.
Рак
Раковите се емпатични, но постојаното сочувствување со другите може да биде исцрпувачко. Раковите секогаш се преплавени со емоции, а сето тоа доведува до состојба на постојана напнатост и чувство дека го носат целиот товар на светот на својот грб. Бидејќи не знаат со ова да се справат добро, најлесно им е да се жалат на сите.
Девица
Девиците тежнеат кон ред и совршенство и сè што отстапува од тоа може да ги исфрли од такт. Бидејќи во реалноста е многу тешко да се оствари совршенство, брзо се вознемируваат и во овие моменти најлесно им е да го исфрлат тоа од себе со кукање. Луѓето ги гледаат како личности кои постојано се жалат,а за нив ова е природен начин на исфрлање на негативните емоции.
Вага
Вагите не сакаат конфликти, но тоа не значи дека никогаш не се лутат. Во вакви ситуации нема да викаат на вас, но некако мора да го исфрлат од себе бесот кој ги обземал. Кукањето е нивен начин да се справат со лутината и тоа што ги вознемирило. Откако ќе исфрлат сè од себе, се смируваат и повеќе не го спомнуваат тоа.