Во таквите ситуации музиката ми беше бегство од реалноста и лек за мојата душа – Наташа Беквалац проговори за ТЕШКИОТ период во ЖИВОТОТ

14 мај, 20220
220a0cb08df18b4e9441e66c2fdd436285781621

Пејачката Наташа Беквалац изјави дека раните ги залечила со музика и дека му е многу благодарна на животот што ја работи работата што ја сака.

Пејачката се осврна на ситуациите во кои се нашла и со кои морала да се справи.

Таа рече дека е свесна зошто медиумите ги следат сите фази од нејзиниот живот, како и дека упадот во нејзиниот приватен живот е составен дел од нејзината работа. Токму поради тој повик и популарност, таа никогаш не сакала да се откаже од кариерата.

Во такви ситуации музиката била нејзиното бегство од реалноста и лек за нејзината душа.

– Имам среќа да ја работам работата која ја обожавам, толку што мојата професија не ја доживувам како работа туку како љубов. Правењето музика е навистина подарок и јас сум бескрајно благодарна за тоа во животот. Токму музиката ме спаси во најтешките моменти, преку песната ја добив љубовта и поддршката од луѓето кои ми беа неопходни за да опстане мојата душа – вели Наташа за „Бли“.

Зад сите нас е период полн со неизвесност поради пандемијата на корона вирусот, а пејачката го искористила тоа време да размислува за животот и да се посвети на себе.

– Најдов други начини како да ги одморам душата и телото, едноставно не сум тип на кој што му одговара да се однесува пасивно. Најмалку сум тип кој може да биде без енергија на создавање, без креативна енергија. Па, најчесто најубавите и најсвежите идеи ми доаѓаат за време на одморите – открива Наташа.

Бидејќи неодамна беше Меѓународниот ден на трудот, тој датум Наташа има убави спомени од своето детство:

– Мислам дека мојата генерација е последната што носеше капчиња и црвени марами. Се сеќавам како дете бев многу горда и се правев важна. Тоа беше голем настан за мене. Се сеќавам на хорот и на веселбите, сето тоа ми беше многу големо и дури сега кога се сеќавам емоциите ми се убави – се сеќава пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *