По празниците, сакале да признаеме или не, секогаш ни е добро да стапнеме на кочниците кога станува збор за храна и пијалок и да му дадеме на телото малку одмор и детоксикација. Тие вклучуваат здрави чаеви, вода, одмор и обид за поздрава исхрана. Супермоделите знаат како да се чувствуваат подобро и да задржат блескав тен по празниците, а магазинот W ги споделува нивните мали тајни:
– Шанина Шаик подготвува тоник за детоксикација, а после обилните оброци пие една чаша за подобро варење и метаболизам. Исцедете парче лимон во 2 dl топла вода и додадете една лажичка органски јаболков оцет и испијте веднаш.
– Наоми Кембел избегнува шеќер и пие многу вода.
– Адријана Лима секогаш носи чај од анасон со себе и јаде краставици за да и помогне со надуеноста.
– Синди Крафорд има само едно решение: Вода, вода, вода.
– Даки Тот препорачува и многу вода, а додава – доволно сон, здрава исхрана и вежбање.
– Бланка Падила сака ѓумбир и ферментирана храна бидејќи верува дека помагаат за кожата и имунолошкиот систем, како и за варењето.