Иако оваа сезона модниот фокус е на мини фустаните, макси моделите се безвременски и успешно се спротивставуваат на трендовите.
Оваа сезона дизајнерите препорачуваат лелеави макси фустани од лесни материјали – памук, вискоза, муслин… Бојата и дизајнот се препуштени на вашата фантазија. Се е во тренд – од нежни пастелни нијанси до силни, впечатливи бои.
Во зависност од моделот, можете да носите макси фустани на работа, на прошетка, на пикник, на свадба, забава или на море. Нивната практичност, елеганција и удобност ги направи парче кое може да се носи за секоја пригода.
1. Фустан за секој ден
Овие фустани се подеднакво практични и елегантни. Со макси фустан со интересен дизајн нема да морате многу да размислувате за модните детали, бидејќи нема да ви требаат толку како кај другите комбинации. Неколку нараквици или ланчиња со оваа креација ќе бидат доволни.
2. Ненадмината елеганција
На исончан пат ништо не изгледа поубаво од силните бои, меѓу кои се издвојува жолтата. Оваа взаемна љубов ќе резултира со тоа да изгледате како „милион долари“ кога ќе се појавите во макси жолт фустан.
Во мода се посветлите нијанси и лимоновата жолта.
3. Зелен фустан како пролетен весник
Зелената е апсолутен моден хит, во сите нијанси и на сите облеки. Наместо класичните модели, можете да го изберете и оној кој ви го одзема здивот на прв поглед.