Дома имате се што ви треба
Празниците полека се ближат, но и празничната еуфорија. Во повеќето домови полека се украсуваат новогодишните елки и се поставуваат новогодишни украси. Сепак, ретко кој мисли дека елката, се разбира, пластична, но и украсите треба да се измијат и исчистат пред да се постават.
Кога ќе завршат празниците, повеќето луѓе ја ставаат елката и украсите на таванот или подрумот и ги оставаат таму со месеци. Секако, во тоа време се акумулира прашина, па елката и украсите треба добро да се измијат пред да станат дел од вашата празнична атмосфера.
Со оглед на тоа дека елката е составена од повеќе делови, таа всушност многу лесно се мие.
Имено, се што треба да направите е да ја расклопите и да ја ставите во када. Пуштете водата да тече додека елката целосно не се потопи.
Врз елката посипете четири лажици сол, четири кесички сода бикарбона и прелијте со еден децилитар оцет. Сè добро натопете и измешајте со рацете.
Што се однесува до пластичните украси, ставете ги во голем сад и прелијте ги со вода. Додадете една кесичка сода бикарбона, една лажица сол и 100 милилитри оцет.
Оставете ги украсите и елката во таа вода околу еден час.
После тоа, исплакнете ги со чиста вода, оставете ги да се исушат и спремни се за употреба!