Врнежливите денови се идеални за рижото од тиква со морско оревче

popara15 октомври, 20221min00
f_26179465_1280

Само прстофат морско оревче може да значи разлика помеѓу обично и досадно јадење и вистинско уживање што ќе ги импресионира вашето семејство и гостите. Пробајте го овој рецепт.

СОСТОЈКИ:

400 гр ориз со долго зрно за рижото
700 гр тиква
200 гр крем сирење
1 кафена лажичка морско оревче
1 праз
700 мл супа од зеленчук
1 чаша вино
1 пакетче шафран
сол

image

ПОДГОТОВКА:

Тиквата исчистете ја од семки и конци и исечкајте ја на коцки.
Исечете го празот на тенки парчиња и пропржете го на путер.
Кога ќе омекне, пропржете го оризот, потоа прелијте го со виното и кога ќе испари алкохолот додадете ја тиквата.
Измешајте полека додавајќи ја супата.
Кога рижото е готово, посолете по потреба и посипете со морско оревче.
На крајот додадете го сирењето за премачкување, брзо измешајте, поклопете и оставете две минути да се пробијат вкусовите и аромите.
Доколку сте љубител на зачините, можете да додадете и неколку гранчиња рузмарин, чија арома одлично ќе се вклопи во ова јадење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma