Пејачот Џастин Бибер беше номиниран во осум категории за наградата Греми и си замина дома со празни раце.
Музичката ѕвезда беше придружуван од сопругата Хејли Бибер, една од најпопуларните манекенки на денешницата, која успеа да го „украде шоуто“ и да го привлече вниманието на сите присутни кон себе, особено на црвениот тепих пред церемонијата.
И тоа без многу мака и компликации!
Хејли се појави во фустан на модната куќа Сен Лоран, кој очигледно е инспириран од култни креации од 1990-тите. Станува збор за сатенски фустан во стил на слип фустан, кој нема ремен, туку целосно ги открива рамениците. Таа ја следи линијата на телото и на многу суптилен начин ја истакнува фигурата и сексапилот на Хејли, а во долниот дел има едвај забележлив крој на сирена.
Бела боја, дизајн на колони и јасни линии… Се е во духот на минимализмот!
Хејли донесе и накит за Tiffany & Co, вклучувајќи пристојни дијамантски ѓердани, импресивен прстен и минималистички висечки обетки.
Ова е, инаку, прво појавување на црвениот тепих на познатата манекенка по драмата што ја доживеа. Имено, таа неодамна имала состојба слична на мозочен удар, кој се појавил како последица на Ковид.
– Во четвртокот наутро појадував со мојот сопруг (Џастин Бибер, уред.), кога почнав да чувствувам симптоми слични на мозочен удар и ме однесоа во болница. На мојот мозок најдоа мало згрутчување на крвта, што предизвика недостаток на кислород, но моето тело го совлада на свој начин и целосно закрепнав во следните неколку часа. Иако ова беше еден од најстрашните моменти што сум ги доживеала, јас сум дома и добро сум. Благодарна сум на сите лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене. Ви благодарам на сите за убавите желби, грижата, поддршката и љубовта – изјави Хејли подоцна на социјалните мрежи.