Гитаристот на групата „Queen“ Брајан Меј стана почесен доктор на науки на универзитетот Хал

popara19 јули, 20221min00
brajan-mej-830x0

Гитаристот на Квин Брајан Меј доби почесен докторат на Универзитетот во Хал во Англија.

За потсетување, тој е доктор по астрофизика, по завршувањето на докторските студии на лондонскиот Империјал колеџ во 2007 година. Меј ја прифати титулата доктор на науки, honoris causa, преку видео врска бидејќи моментално е на турнеја низ Европа. 74-годишниот гитарист одржа и петминутен говор пред универзитетскиот канцелар, заменик-ректорот и колегите дипломци и нивните семејства.

– Жал ми е што обврските ме спречија да славам лично со вас денеска“, започна Меј, „но дозволете ми да нагласам дека оваа награда ја прифаќам со големо задоволство. Ве молиме, бидете сигурни дека моето виртуелно присуство не ја намалува гордоста и честа што ги чувствувам кога дипломирав заедно со класата на наука и инженерство на Универзитетот во Хал од 2020 година, изјави Меј и продолжи:

– Дозволете ми да започнам со тоа што од се срце ќе ви честитам на сите за стекнувањето диплома, магистерска или докторска титула… И секако, ќе стекнете многу пријатели за цел живот, исто како мене. Кога ја започнав мојата научна кариера како физичар на Империјалниот колеџ во 1965 година, навистина не ценев дека ќе има 40-годишен музички јаз што ќе го одложи завршувањето на мојот докторат по астрофизика до 2007 година.

Мојата голема страст за темата не исчезна, ниту желбата да го исполнам моето академско патување, па се надевам дека ова ќе ве инспирира, на некој мал начин, додека го следите вашето патување… – наведе Меј преку видео врска, според Погласно. com.

Погледнете го клипот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma