ГИ ИСФРЛААТ ТЕЧНОСТИТЕ ОД ТЕЛОТО – Овие намирници се најефективни ДИУРЕТИЦИ, брзо делуваат и се многу здрави

popara19 август, 20221min00
profimedia-0305755880

Вишокот вода во телото предизвикува непријатнa подуеност, оток на нозете и хипертензија. Ако сакате да се ослободите од овие проблеми, јадете храна што има диуретично дејство. Овие намирници ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот течност од телото, ќе го забрзаат процесот на слабеење и ќе ви го намалат високиот крвен притисок.

 

 

 

  1. Овес

Оваа храна е една од врвните намирници за губење на вишокот килограми. Овесната каша ќе ви помогне да се ослободите од вишокот течности од вашето тело.

 

  1. Лимон

Не само што ќе го подобри вкусот на обичната вода, туку сокот од лимон може да помогне и при висок крвен притисок и други здравствени проблеми.

 

  1. Прокељ

Иако веројатно за многумина не е на врвот на листата со омилена храна, прокељот е исклучително здрав и корисен во борбата против вишокот килограми.

 

  1. Целер

Овој зеленчук содржи многу течности, па затоа има корисен ефект врз работата на бубрезите и помага во исфрлањето на токсините од организмот.

 

  1. Ѓумбир

Навистина е тешко да се наведат сите здравствени придобивки на ова растение со препознатлива арома. Меѓу другото, ѓумбирот помага во исфрлањето течности од организмот и го зајакнува имунитетот.

 

  1. Јаболков оцет

Ова е уште една намирница што секогаш ја имате во кујната, многу е здрава и има многу корисна намена, како во одржување на здравјето, така и во одржување на домаќинството. Јаболковиот оцет го стимулира телото да се исчисти и да се ослободи од вишокот течности.

 

  1. Цвекло

Овој зеленчук е одличен диуретик, а содржи и антиоксиданти кои го штитат организмот од штетните ефекти на слободните радикали.

 

  1. Зелка

Уште еден диуретик што можете да го јадете на многу начини. Зелката ќе ви обезбеди значителни количини лековити материи.

 

  1. Сок од брусница

Овие вкусни бобинки се одлични за здравјето на уринарниот тракт, помагаат при работата на бубрези и дејствуваат како природен диуретик.

 

  1. Магдонос

Оваа храна е одличен начин за чистење на организмот од штетни материи и за зајакнување на имунитетот.

 

  1. Пијалаци со кофеин

Кафето, чајот и другите пијалаци кои содржат кофеин се одлични диуретици, важно е само да се консумираат во умерени количини.

 

  1. Модар патлиџан

Ако ги збогатите оброците со модар патлиџан, ќе му помогнете на вашето тело да се ослободи од вишокот течности.

 

  1. Домат

Доматот е моќен диуретик и ќе ви помогне да се ослободите од надуеноста.

 

  1. Лубеница

Лубеницата е еден од најдобрите начини да се ослободите од вишокот течности и да го забрзате процесот на слабеење.

 

  1. Вода

Ако редовно внесувате течности во вашето тело, метаболизмот ќе ви биде побрз и полесно ќе се ослободите од надуеноста.

 

  1. Краставица

Овој зеленчук, исто како лубеницата, е составен главно од вода и затоа е пожелно да го има на вашата трпеза колку што е можно почесто.

 

  1. Лук

Оваа храна го чисти организмот на многу начини и затоа не заборавајте да ја вклучите во вашето мени.

 

  1. Моркови

Иако се познати главно по својот позитивен ефект врз вашиот вид, морковите се исто така одличен диуретик.

 

  1. Аспарагус

Не само што е богат со хранливи материи, туку аспарагусот е и одличен диуретик.

 

  1. Артичок

Оваа храна е на самиот врв на листата на намирници со силно диуретично дејство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma