Луѓето родени под овие хороскопски знаци се одлични во камуфлирањето на своите емоции, па никогаш нема да знаете како се чувствуваат
Иако изгледа дека одредени луѓе се тешко достапни, далечни и ладни, астролозите тврдат дека зад нив често стојат добри души и чувствителни луѓе кои би направиле се за своите сакани. Можеби нивната студена природа остава впечаток дека ништо не ги допира, но често зад таквите луѓе се кријат чесни и лојални луѓе кои знаат да сакаат и на кои можете слободно да сметате. Еве кои хороскопски знаци изгледаат силно, но всушност се многу кревки внатре.
Рак
Раковите се со променлив карактер и во зависност од друштвото, можат да покажат и цврста и нежна личност. Како тие се претставуваат пред околината зависи од нивното расположение. Оние кои познаваат барем еден Рак, знаат дека често делуваат површно, недостапно и силно и дека всушност зад тој „ѕид“ се кријат емотивни луѓе, а понекогаш дури и тажни. Иако се чини дека не се засегнати и не се грижат за туѓите чувства или помош, тие навистина се залагаат за луѓето што ги сакаат и се подготвени да направат се за нив.
Девица
Иако на прв поглед делуваат ладно и далечно, во комуникацијата често знаат да бидат премногу искрени и сурови, тие се навистина луѓе кои имаат големо срце и кои имаат емпатија кон другите. Не се обидуваат да им помогнат само на луѓето кои најмногу ги сакаат, туку често го прават тоа за луѓе што ги гледаат првпат во животот. Перфекционистите по природа ја вршат својата работа со најголема посветеност во сите услови на кои се изложени. Тие се многу лојални партнери и пријатели, секој може да се потпре на нив бидејќи се доверливи. Грижата е нивната силна страна и често знаат да иритираат многу луѓе поради нивното ситничарење, а тоа го прават затоа што сакаат се да биде во ред.
Шкорпија
Ова се смета за еден од најопасните знаци и никој не сака да се „задева“ со нив. Понекогаш изгледаат мрачно и мистериозно, па луѓето околу нив држат дистанца и имаат официјална комуникација со нив. Со својата студена природа ги принудуваат другите да бидат резервирани во однос на нив. Меѓутоа, под таа „школка“ често има чувствителни и лојални луѓе, на чија помош другите можат целосно да се потпрат.