Во денешно време има многу средства за чистење на домот, од оние прескапите, до поевтини. Некои се доста ефикасни, но долгорочно можат да влијаат на уништување на санитарната опрема или на површините што ги чистите. Затоа е секогаш подобро да се свртиме кон поприродни средства
Лимонот е овошје кое благотворно делува на нашиот организам и целокупното здравје. Тоа е добро познат факт. Сепак, дали знаевте дека можете да го користите и за одржување на хигиената во домот?
Се што ви треба е еден лимон и сад со вода. Исечете го лимонот на парчиња и ставете го во садот со вода погоден за печење во рерна. Потоа, вклучете ја рерната на 200 степени. Печете неколку минути додека лимоните не поруменат. Потоа земете крпа и избришете ја внатрешноста на рерната.
Овој метод на чистење функционира на неколку начини. Прво, пареата циркулира во рерната, омекнувајќи ги сите стврднати дамки од храна. Маслата кои се наоѓаат во кората од лимон целосно ги уништуваат дамките, а натопени во циркулирачката пареа делуваат сосема фантастично. Лимонот е силен антисептик и има антибактериско дејство, а исто така ќе спречи појава на нови дамки и маснотии, барем на кратко.
Покрај чистењето на рерната, со половина лимон можете да ја исчистите и санитарната опрема во бањата и кујната. Лимонот исечете го на половина и втријте го на тоалетот, а потоа избришете го со памучна крпа. Бигорот ќе исчезне, а славините ќе светат и ќе се ослободите од бактериите кои се збираат при честа употреба.