Ги отстранува сите ПЕСТИЦИДИ: Докторка откри како се мие ОВОШЈЕТО со мешавина од три состојки (ВИДЕО)

popara29 март, 20221min00
vocw1

Едноставен трик кој секогаш можете да го користите

Овошјето што го купуваме во маркетите е најчесто прскано со пестициди и восоци за да може подолго да трае и да изгледа убаво.

Обично миењето под млаз вода често не е доволно бидејќи не може да ги отстрани сите лоши материи на овошјето.

Докторката Жакел Петерсон откри начин на кој ги мие плодовите, што е делотворен за отстранување на пестицидите.

Таа на својот Инстаграм профил сподели видео во кое објасни дека користи мешавина од сок од лимон, кисела вода и сол во која директно го става овошјето.

На примерот на грозјето таа покажа како го прави тоа, но и како изгледа водата во која стоело овошјето пет минути. По само пет минути смесата во која стоел плодот стана заматена и со ситни црни честички, односно нечистотија.

Многумина беа воодушевени од нејзиниот трик, па се заблагодарија за советот во коментарите и рекоа дека досега овошјето го миеле само со обична вода, но дека сега тоа ќе го промени.

Исто така, некои во коментарите открија дека користат само оцет и вода за миење овошје.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma