Одличен напиток за топлите и летните денови бидејќи максимално освежува, но пред се е многу добар во борбата против вишокот килограми. Се што ви е потребно за да го подготвите е:
Една краставица, едно јаболко и еден лимон!
Убаво измијте го лимонот кој слободно можете да го користите во секоја диета, исцедете го сокот од него, а остатокот од овошјето исечкајте го и прелијте го со една чаша вода.
Истурете во тенџере и оставете да се вари десет минути на средна температура. Изладете, процедете и додадете сечкано јаболко и краставица.
Измешајте сè во блендер, додадете го сокотод лимон и добро изладете. Процедете и пијте по една чаша секое утро, доколку можете – на празен стомак. Се препорачува да се пие 15 дена по ред.
Јаболкото му ја дава потребната сладост на овој напиток, така што уште од рано наутро ќе уживате во пријатниот вкус. Инаку, јаболкото е и идеалното овошје за слабеење – богато е со витамин Ц, но и со витамини А, Е и витамини од Б комплексот, па помага и за зајакнување на имунолошкиот систем.
Краставицата е омилена состојка во секоја исхрана, поради отсуството на маснотии и ниската калорична содржина. Одлична е за хидратација, а содржи витамини К и Д, како и калиум и магнезиум. Нејзината состојка кукурбитацин може да помогне во борбата против атеросклероза.