Кендал Џенер овојпат избира елеганција.
Кендал Џенер моментално е во Колорадо на скијање. Младата манекенка ја гледаме во разни модни изданија, почесто спортски, но сега нѐ изненади со својот гламурозен стајлинг.
Овој пат избира црна боја во комбинација со кафена бунда. Таа носеше класична ролка и црно кожено здолниште, заедно со едноставни унихоп хулахопки во иста боја. Кендал веќе го презеде трендот на кожени здолништа со хулахопки и чизми, за кој се зборува уште од почетокот на новата модна сезона.
Косата ја врза во елегантно опавче, а на рамо носеше класична кафена чанта.