Лесли Џордан (67), саканиот актер кој беше чест гостин во ТВ серијата „Will and Grace“, денеска загина во сообраќајна несреќа, објавија ТМЗ и Лос Анџелес Тајмс.
Полициски претставници изјавија за ТМЗ дека комичарот, кој се здоби со популарност на социјалните мрежи за време на пандемијата, удри со својот автомобил во зграда во Холивуд.
Неговите претставници за печатот досега не се огласиле.
I better slow down! pic.twitter.com/jJOFmHzRWn
— Leslie Jordan (@thelesliejordan) July 18, 2019
Полицијата во Лос Анџелес потврди за HuffPost дека „дошло до несреќа и возачот удрил во ѕид“ иако не потврдиле дека актерот бил зад воланот.
Џордан, познат по неговиот низок раст и јужна црта, се појави во хит серии како „American Horror Story“, „Con Man“, „Boston Public“ за време на кариерата долга речиси три децении.
Heatwave: this is me telling you to Cut It Out #melting 🔥 🔥 🔥 pic.twitter.com/XfS8OP5ElC
— Leslie Jordan (@thelesliejordan) July 25, 2019
Неодамна работеше на ситкомот „Call me Kat“ со Мајим Биалик, популарната Ејми Фара Фаулер од серијата „Тhe Big Bang Theory“.
Неговиот менаџер изјави за Пост дека „светот стана потемно место без светлината и љубовта на Лесли Џордан“.
My heart is broken. Leslie Jordan was one of the funniest people I ever had the pleasure of working with. Everyone who ever met him, loved him. There will never be anyone like him. A unique talent with an enormous, caring heart. You will be missed, my dear friend. 😔❤️ pic.twitter.com/RNKSamoES0
— Sean Hayes (@SeanHayes) October 24, 2022
– Не само што беше мега талент и беше радост да се работи со него, туку и обезбеди емотивно прибежиште на нацијата додека таа минуваше низ најтешките моменти – изјави менаџерот.
Во април 2021 година ги објави своите мемоари „How Y’all Doing? Misadventures and Mischief From a Life Well-Lived“.
Роден е на 29 април 1955 година во Чатануга, Тенеси, а освен глума, тој се бавел и со пеење.