Глумец повреден на снимањето на серијата The Walking Dead!

popara19 март, 20221min00
norman-ridus02-830x0

Актерот Норман Ридус доживеа незгода додека ја снимаше серијата „Опкружен со мртвите“ (Walking Dead), при што ја повреди главата, а инцидентот се случи на 11 март, во Џорџија.

– Норман доживеа потрес на мозокот на сетот. Тој добро закрепнува и наскоро ќе се врати на работа. Ви благодарам на сите што се грижите – изјавил портпаролот на актерот Џефри Чесен за странските медиуми.

Се уште не е потврдено дали несреќата се случила додека Ридус снимал или не, а оваа вест за прв пат е објавена на социјалните мрежи.

Актерот требаше да се појави во еден дел од денот на турнеите Fandemic Dead Atlanta, кои ќе се одржат од 18 до 20 март, но поради повреда мораше да ја одложи турнејата.

За време на нејзиното прикажување и снимање, „Опкружен со мртви“ забележа серија несреќи на сетот, вклучувајќи ја и трагичната смрт на каскадерот Џон Бернекер во 2017 година. За време на снимањето претходно беше повреден и Ридус. За време на снимањето во шталата на епизодата „Тие“ од петтата сезона од 2015 година, Ридус се исече на раката. Раната наводно ја снимила камера, но никогаш не влегла во серијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma