Големата дилема: Дали сексот со поранешниот партнер е добра идеја?

popara14 ноември, 20221min00
62418115-seks-s-bivsim (1)

Да беа добри, немаше да бидат бивши, е позната поговорка со која многумина од нас ќе се согласат. Меѓутоа, понекогаш се провлекуваме во примамливиот свет на познатото, ја вадиме бравата од срцето и се впуштаме во авантура со бившиот…

Поранешните партнери би можеле да ги класифицираме во две категории: оние што ги блокираме на социјалните мрежи и вртиме глава кога ќе ги сретнеме на улица и оние со кои одвреме-навреме разменуваме страсни пораки во раните утрински часови.

Врската со втората категорија на бивши е доста опасен терен во кој се поставува дискутабилно прашање:

Дали сексот со бившиот е добра идеја?

Пред да одлучиме да имаме секс со нив, треба да си поставиме неколку прашања.

Има ли надеж дека сексот ќе резултира со обновување на врската која одамна беше осудена на пропаст? Дали сме осамени и копнееме по физички допир? Дали се обидуваме да најдеме утеха во личноста која нè повредила?

Без разлика која е нашата мотивација, треба да бидеме сигурни дека сексот со поранешниот нема да биде мазохистички потфат, туку пријатна авантура која ќе ни ја подигне самодовербата и ќе ни даде сексуално задоволство.

Ронда Ричардс Смит, психотерапевт и експерт за врски истакнува дека не треба да се осудуваме себеси доколку се појави желба за секс со поранешен партнер. Многумина од нас се врзани за бивши, но треба да бидеме многу внимателни во таа врска.

Пред да се согласите повторно да го споделите вашето тело со таа личност, застанете и размислете за тоа. Врската заврши со причина, па зошто размислувате да се вратите на сексот? Сексот со бившиот е интересен и возбудлив, но имајте на ум дека понекогаш може да биде опасен, вели Смит.

Во таа ситуација најважно е и двајцата да имате исти цели. Има случаи, вели Смит, кога поранешните партнери споделувале фантазии за обновување на нивната врска, па сексот бил најдобрата опција. Од друга страна, некои поединци со години се заглавени во личното верување дека на другиот му е гајле – кога во реалноста тоа не било случајот.

Зошто се враќаме кај бившите?

Секој од нас сака авантура на познато тло. Сексот со поранешните е докажана активност во која нема срамежливост и изненадувања. Голема удобност е кога се чувствуваме осамено, а знаеме и дека сексот ќе биде одличен бидејќи ги знаеме преференциите, телото и навиките на бившиот партнер. Колку и да се интересни и возбудливи новите сексуални авантури, многу од нас ќе уживаат повеќе во докажаното задоволство што бившиот ќе го донесе во нашите животи.

Посебно е опасно да се впуштаме во сексуални односи со тие партнери, ако имаме заостанати чувства кон нив. Обично мислиме дека истата личност не може двапати да не повреди, но тоа е далеку од вистината. Друга опасност што Смит ја истакнува е бариерата помеѓу сегашноста во која сте несреќни и потенцијалната врска што може да ве чека зад аголот.

Еден од проблемите со сексот со бившиот е тоа што вашиот поранешен има место во вашиот живот. Значи, ако имате секс со таа личност, тоа ја одложува вашата потрага по партнер кој може да ве задоволи во сите области, вели Смит.

Замислете дека секој викенд одите во град и се обидувате да најдете некој со кој ќе го споделите животот, а на пат кон дома се сопнувате во креветот на поранешниот партнер. Ова создава емоционална бариера помеѓу вас и можноста за целосна љубов кон која се стремите и заслужувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma